НБМ со три пати поголема добивка

Bez autora
Mar 16 2011

Народната банка на Македонија лани за три пати ја зголемила добивката во споредба со претходната година. Имено лани нето-добивката на централната банка изнесувала 60 милиони евра, за разлика од 2009 година кога таа била само 22,2 милиона евра. Или може да се каже дека НБМ се вратила на добивката од 2008, кога од инвестирањето на девизните резерви остварила добивка од 59,5 милиони евра. Најголем дел од девизните резерви биле инвестирани во странски хартии од вредност или 1,1 милијарди евра, во депозити биле вложени 346 милиони евра, а 236 милиони евра во злато. Централната банка остварува приходи од државните девизни резерви, од кои најголемиот дел ги инвестира во државни обврзници на најбогатите држави со највисок кредитен рејтинг, како што се САД, Англија, Германија, Холандија. Помал дел се во депозити и во злато.

НБМ со три пати поголема добивкаНародната банка на Македонија лани за три пати ја зголемила добивката во споредба со претходната година.

Имено лани нето-добивката на централната банка изнесувала 60 милиони евра, за разлика од 2009 година кога таа била само 22,2 милиона евра. Или може да се каже дека НБМ се вратила на добивката од 2008, кога од инвестирањето на девизните резерви остварила добивка од 59,5 милиони евра.

Најголем дел од девизните резерви биле инвестирани во странски хартии од вредност или 1,1 милијарди евра, во депозити биле вложени 346 милиони евра, а 236 милиони евра во злато.

Централната банка остварува приходи од државните девизни резерви, од кои најголемиот дел ги инвестира во државни обврзници на најбогатите држави со највисок кредитен рејтинг, како што се САД, Англија, Германија, Холандија. Помал дел се во депозити и во злато.

Со девизните резерви НБМ ја брани стабилноста на денарот и ја контролира инфлацијата. НБМ е обврзана и да ги оплодува овие пари.

Во почетокот на 2010 година девизните резерви изнесуваа 1,6 милијарди евра, а на крајот на јануари годинава тие изнесуваат 1,712 милијарда евра.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik